Главен предизвик на Спортската прогноза се дербијата во Хрватска, Баскија, Италија и Англија

Јубилејното 30-то коло сезонава на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е во тек, може да се типува на 13-те натпревари кои се предизвик за играчите, а за најуспешните ќе има одлични подароци од Sport Life.

Денеска е среда, многумина мислат дека тоа е среќен ден и можеби токму во текот на денов ќе се вклучите со ваши прогнози, во Сан Себастијан на Реал Сосиедад му гостува баскискиот ривал Атлетик Билбао, а мечот Болоња – Јувентус е директен дуел за пласман во Лигата на шампионите.

Тука е и средбата Стразбур – ПСЖ, а интересно е дека 40 отсто од тие што досега типувале, мислат дека ќе победи домашниот тим. ПСЖ ја обезбеди титулата во Франција, па целосно е фокусиран на ЛШ, во минатото коло загуби и ќе ги чува силите за реваншот со Арсенал, затоа и многумина мислат дека ПСЖ ќе загуби и од Стразбур, тој пораз нема многу да ги потресе Светците.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести