Главна цел на Интер Мајами за следното лето е Лука Модриќ

Хрватот Лука Модриќ најверојатно ја игра својата последна сезона во дресот на Реал Мадрид, а доколку не сака да ја заврши кариерата следното лето, во пресрет ќе му излезе Интер Мајами и Лука би имал прилика да стане тимски колега со Лионел Меси.

Дејвид Бекам, кој е газда на тимот од Мајами, сака составот да го засили со уште еден носител на Златна топка, а клубот од МЛС-лигата ќе испрати понуда до Модриќ, кој сезонава го губи местото какако стартер во подмладениот Реал и јасно е дека не е задоволен од улогата што ја има.

Синоќа Модриќ беше во почетната 11-ка, но не се прослави и беше заменет на полувремето.

- Оглас -

Најнови вести