Главниот судија и вториот помошник од мечот Гостивар – Вардар, суспендирани до крајот на сезоната

Влатко Илиоски кој беше главен судија на вчерашниот меч од Втората лига запад, помеѓу Гостивар и Вардар, веќе нема да биде делегиран до крајот на сезонава во првата и втората лига. Суспензија до крајот на сезоната доби и Марјан Смилкоски кој беше втор помошник, и истотака го оштети Вардар.

„Судиска комисија на Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од мечот, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК ГОСТИВАР – ФК ВАРДАР одигран на 09.04.2022 година, анализирани се ситуациите во 4, 8, 33, 42 и 45+2 минута.

Главен судија: Илиоски Влатко; Помошни судии: Костоски Зоран и Смилкоски Марјан;

04. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено слободен удар).

По еден изведен корнер за екипата на Вардар, играч на Вардар постигнува гол со удар со глава, главниот судија го поништува голот и неоправдано досудува прекршок врз голманот на домашната екипа.

08. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

При напад на домашната екипа, играч на Гостивар постигнува гол кој оправдано е поништен поради офсајд позиција, играчот на Гостивар во момент на додавање на топката е понапред од претпоследниот играч од одбраната на Вардар.

33. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досудено удар од 11 метри)

Играч од одбраната на Вардар и играч од нападот на Гостивар се во дуел, одбранбениот играч на Вардар ја одбива топката пред напаѓачот на Гостивар, исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, (нема прекршок за 11 метри).

42. минута ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено удар од 11 метри)

Играч на Гостивар додаде топка до соиграч кој беше во шеснаесетникот на Вардар, во моментот на примање на топката двата противнички играчи се статични и доаѓа до еден дуел каде има минимален контакт недоволен за прекршок, главниот судија неоправдано покажа удар од 11 метри за домашната екипа, по кој домашните израмнија на 1:1

45+2 минута ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА И ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Вториот помошен судија занесен во играта заборава дека во шеснаесетникот на Гостивар останува претпоследниот одбранбен играч на Гостивар и напаѓач на Вардар и се рамни со вториот претпоследен играч од ФК Гостивар кој е 10-15 метри понапред од претпоследниот, при тоа се додава топка до напаѓач на ФК Вардар кој е во дозволена позиција, а помошниот судија неоправдано го подига знаменцето и рекламира офсајд и е неоправдано прифатен од страна на главниот судија. Погрешна одлука на двајцата судии во овој момент.

ПОСЛЕ НАПРАВЕНАТА АНАЛИЗА ОД ОВОЈ МЕЧ, ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА СЕ СУСПЕНДИРААТ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА И НЕМА ДА БИДАТ ДЕЛЕГИРАНИ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 1. И 2. МФЛ“ – објавија од ФФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести