Себастијан Колтеску е името на судијата поради кој се прекина синоќешниот дуел меѓу ПСЖ и Башакшехир. Романскиот арбитер беше како четврти на мечот, но изби во прв план поради неговиот непромислен потег уште по неполни 15 минути од мечот.
Во конверзација со главниот судија, Колтеску рече „овој црнец“, посочувајќи дека помошникот-тренер на Башакшехир, Пјер Вебо, треба да биде исклучен од мечот. Тогаш се случи хаос, гостинските фудбалери решија да не продолжат и го обвинија Колтеску дека го навредил Вебо на расна основа.
PSG vs Istanbul Basaksehir has been suspended following an alleged racist incident involving the 4th official towards Istanbul's assistant manager. pic.twitter.com/mLIkZiPK7u
— Champions League on CBS Sports (@UCLonCBSSports) December 8, 2020
УЕФА реши дуелот да продолжи денеска, во 18:55 часот, но да донесе нови судии кои ќе ја делат правдата за да се намали тензијата. Обвинетиот за расизам Себастијан Колтеску вели дека немал намера да навреди никого.
„Само сакав да бидам добар. Во следните неколку дена нема воопшто да читам весници и никакви вести да слушам. Секој што ме познава, добро знае дека не сум расист“, рече Колтеску, кој објасни зошто изговорил „Негро“.
„Зборот Негру на романски значи црн. Јас не сум расист“, повтори романскиот судија.
Ова требаше да биде последна сезона за Себастијан Колтеску во европските натпреварувања, а уште пред две недели бил тргнат од ФИФА-листата. Иако се правда дека е чесен и добар, за Колтеску излезе натпис дека и во минатото бил проблематичен.