6271 Лион (ж.) – Јувентус (ж.) (18.45 часот)
Ова е клучен дуел од последното коло во групата Ц од женската Лига на шампиони. Кој и да победи, оди во четвртфинале, а на Лион му одговара и нерешено. Францускиот тим е во подобра форма, има три победи по ред (сите без примен гол), од кои едната над Арсенал на гости, па сега Лион и лондончанки имаат еднаков број бодови и се борат за првото место. Јуве има две победи во пет кола, но двете победи беа против аутсајдерот Цирих. Во октомври, во Торино, Јуве и Лион одиграа 1-1, а во минатата сезона во Лион беше 3-1 за домашниот тим.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.97)
1979 Јоникос – Панатинаикос (20.30 часот)
Панатинаикос сезонава гази во грчката лига, на 13 меча има 12 победи и едно реми, имаат примено само 4 гола, па убедливо е прв и маршира кон титула. Од друга страна, Јоникос е последен на табелата, губеше во претходните две кола, сезонава уште нема домашен триумф и мали му се шансите за чудо вечерва против клуб кој никогаш не го победиле. Во минатата сезона, ПАО победи со 1-0 на гости кај Јоникос, а 1-0 беше и во август на стартот на сезонава.
Предлог тип: 2 & 0-3 (1.96)
1011 Ковентри – ВБА (20.45 часот)
Ковентри има еден бод повеќе од Вест Бромич, но тимот од Бирмингам е во страшен налет, има пет победи по ред во Чемпионшип, а Ковентри две кола по ред нема победа. ВБА има и повеќе дадени и повеќе примени голови од домаќинот. Ковентри дома не загубил од 29 октомври наваму, а ВБА е тим кој на гости нема нерешено уште од 17 септември. Ковентри цели 19 години нема победа над ВБА.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.09)
1242 Селтик – Ливингстон (20.45 часот)
Кога Селтик игра дома меч од шкотската Премиер лига, кецот е задолжителен, без разлика на името на гостинот. Селтик има 45 од можни 48 бода, забележа 15 победи во 16 кола и само чудо може да го спречи да не освои нова титула. Селтик на 16 меча даде 51 гол, што во просек е над три по натпревар. Ливингстон освои седум бода во последните три кола, лани извлече 0-0 на гости кај Селтик, но тешко дека повторно може да приреди сензација. Кон крајот на октомври, кога Ливингстон беше домаќин, Селтик победи со 3-0.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.66)
1113 Манчестер ј. – Барнли (21.00 часот)
Дарко Чурлинов и другарите се лидери во Чемпионшип и нема однапред да се предадат на „Олд Трафорд“ во овој дуел од осминафиналето во англискиот Лига куп. Црвените ѓаволи и Барнли се екипи кои на последните 10 меча, само по еднаш одиграле нерешено. Последната победа на Барнли над Јунајтед беше во јануари 2020, и тоа во Манчестер. Барнли во минатата сезона даваше голови против фаворитот, но не успеваше да победи.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.84)