31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Главоболки за Барселона: Некој мора да си замине, но фудбалерите не сакаат ниту да слушнат

Раководството на Барселона мора да продаде неколку фудбалери за да направи простор за нови засилувања. До сега во клубот официјално пристигна само Жоан Гарсија, голманот на Еспањол, но и тој се уште не е регистриран.

Клубот го напушти Ансу Фати, кој наредната сезона ќе игра како позајмен во Монако, но „каталонците“ мора да се ослободат уште од најмалку двајца фудбалери. Прв на трансфер листата е германскиот голман, Марк-Андре тер Штеген, за кого неизвесно е дали ќе остане или ќе си оди, но и еден дефанзивец. Токму тука започнуваат главоболките за Деко.

Роналд Араухо или Андреас Кристијансен, еден од нив мора да замине. Желбата на Барселона е тоа да биде Данецот, бидејќи има договор до следното лето, па „каталонците“ можеби и нешто ќе заработат, но и двајцата во моментов не сакаат ниту да слушнат да си заминат од клубот.

- Оглас -

Најнови вести