26.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Главоболки за Еди Хау: Новите засилувања се повредени, а Ентони Гордон е суспендиран

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се соочува со сериозни проблеми уште на стартот од сезоната. По лето исполнето со шпекулации околу иднината на Александер Исак, кој во последниот ден на преодниот рок замина во Ливерпул, сега тимот е погоден од повреди и суспензии.

Новите засилувања Јоан Виса и Џејкоб Ремзи се надвор од редовите поради повреди, а Ентони Гордон е суспендиран и ќе пропушти уште два натпревари во Премиер лигата.

Виса се повреди за време на настапот со репрезентацијата на ДР Конго и сигурно ќе го пропушти дуелот со Вулверхемптон.


„Се работи за коленото, ќе оди на дополнителни тестови. Се надевам дека ќе биде подготвен за Барселона, но можно е паузата да трае и подолго“, изјави Хау.

Џејкоб Ремзи пак ќе отсуствува барем до октомври.


„Доби повреда на глуждот против Лидс, мораше да биде заменет на полувреме. Голема загуба за нас“, додаде стратегот на Њукасл.

Еди Хау се осврна и на трансферниот прозорец и на разделбата со Александер Исак.


„Беше тежок, но успешен преоден рок, а времето ќе покаже колку сме биле ефикасни. Финансиските правила нѐ принудија да продаваме дури и играчи кои не сакавме. Алекс Исак беше уникатен, невозможно е да го замениме со еден фудбалер. Имавме одлични односи, но кога почна да штрајкува, комуникацијата стана тешка. Тоа беше пресвртната точка“, изјави Еди Хау.

- Оглас -

Најнови вести