Манчестер сити беше шокиран на гостувањето во Лисабон и со 4:1 загуби од Спортинг. Со овој пораз Граѓаните продолжија една неверојатно лоша низа. За англискиот првак ова е трет пораз во низа, и тоа само во седум дена.
Трите порази се во три различни натпреварувања. Лошата низа започна кога Сити загуби на гостувањето кај Тотенхем со 2:1 и беше елиминиран во Лига купот на Англија. Потоа следуваше гостувањето кај Борнмут во Премиер лигата, а Сити и тука загуби со 2:1.
Сега Сити загуби и од Спортинг во Лосабон, и тоа со убедливи 4:1, што е трет пораз по ред. Ваква лоша низа, три порази по ред, Сити немал од април 2018 година, односно повеќе од шест години.
Четирите примени гола од Спортинг се само третпат за тим предводен од Пеп Гвардиола во Лигата на шампионите. Гвардиола примил четири гола само уште од Реал Мадрид во април 2016 година, во поразот од 4:0, и како предводник на Сити во поразот од Барселона (4:0) во октомври 2016 година.