7.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Главоболки за Ханси Флик: Се повреди Френки де Јонг!

Играчот за врска на шпанскиот гигант Барселона, Френки де Јонг, се здоби со повреда и ќе биде надвор од терените неколку недели, пренесува „Марка“. Холандскиот репрезентативец почувствувал болка во бутниот мускул за време на денешниот тренинг на каталонскиот тим, по што бил подложен на прегледи кои покажале кинење на задниот дел на бутниот мускул.

Дваесет и осумгодишниот Де Јонг е еден од клучните фудбалери на Барселона со 31 настап оваа сезона, на кои постигна еден гол и запиша седум асистенции.

Тренерот на Каталонците, Ханси Флик, има неколку опции во средниот ред во негово отсуство – Педри, кој се врати по повреда, Марк Бернал, Марк Касадо и Фермин Лопез. Гави минатата недела повторно почна да тренира со тимот по долгата пауза, но сѐ уште нема одиграно официјален натпревар.

Барселона е лидер на табелата во Ла Лига со 61 бод, еден повеќе од големиот ривал Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести