Главоболки за тренерот на Баерн, кој ќе го менува повредениот Нојер?

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, и управата на германскиот шампион имаат главоболки пред стартот на вториот ден од сезоната во Бундеслигата и нокаут-фазата во Лигата на шампионите поради повредата на првиот голман Мануел Нојер.

Баварците моментно на располагање имаат само еден голман, резервистот Свен Улрајх, но Нагелсман бара од управата итно да ангажира уште еден голман.

Првата опција е Александер Нибел, голманот на Баерн на позајмица во Монако, но германскиот клуб ќе треба да плати одредена отштета за предвременото раскинување на договорот. Нибел минатата година замина на позајмица во Монако, каде што брани одлично и не е изненадување што сега Баварците размислуваат пред време да го вратат на „Алијанц арената“.

Втора опција е Кејлор Навас. Тој сезонава падна во втор план во ПСЖ бидејќи Џанлуиџи Донарума ја има довербата на новиот тренер Кристоф Галтие.
Но, проблем за Баерн претставува податокот дека ПСЖ и баварскиот тим ќе играат во осминафиналето од Лигата на шампионите, па прашање е дали Светците се располжени да го засилат директниот противник.

Засега едно е сигурно, голманот на Хрватска, Доминик Ливаковиќ, кој брани фантастично на Светското првенство во Катар нема да биде купен од Баерн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести