Миле Тодоров, македонскиот репрезентативец до 19 години, наводно е во преговори со шкотскиот гигант Глазгов ренџерс за склучување на професионална соработка. Екс фудбалерот на Работнички, кој сезонава настапува за хрватскиот нисколигаш ФК Новиград, бил на проба во Шкотска, каде што вчера настапил за Ренџерс на еден пријателски меч против резервите на Мидлсборо.
Скаутите на легендарниот Стивен Џерард, стратегот на Ренџерс, го забележале потенцијалот во 19-годишниот играч за врска, а доколку се оствари овој ангажман, шкотскиот клуб ќе треба да исплати симболична сума до Новиград бидејќи Тодоров има важечки договор со Хрватите до 2020 година.