Глазгов Ренџерс стигна до најбаксузната победа

Глазгов Ренџерс без поголеми проблеми со 4:0 го победи Данди јунајтед во меч од седмото коло на шкотското првенство. Триумфот на Глазгов беше повеќе од очекуван и тимот од „Иброкс парк“ се зацврси на лидерската позиција. ВО досега одиграните мечеви, Глазгов има 19 поени, додека нивниот најголем ривал Селтик е со 13 освоени бодови.

Иако лесно победи, за Глазгов Ренџерс ова беше најмалерозниот триумф. Дури четворица играчи на домаќините мораа да го напуштат теренот поради повреди, а според најавите некои се и посериозни. Алфредо Моралес, Рајан Џек и Брендон Бакер беа принудни заменети, а на повреда се жалеше и Леон Балогун.

Тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард најави дека планира да доведе некој фудбалер плус за тимот да може да продолжи во ист ритам. Веќе в четврток, шкотскиот тим во рамките од Лигата на Европа ќе игра против Линколн од Гибралтар.

- Оглас -

Најнови вести