Гледач влета во рингот да се тепа со победникот на ревијалниот бокс-меч (видео)

Ревијалните бокс-мечеви меѓу артисти и инфлуенсери од социјалните мрежи стануваат сè попопуларни во САД, а ноќеска се случи вистинска драма во Калабасас, Калифорнија.

Американскиот рапер Блуфејс триумфираше во своето деби против познатиот „тик-токер“ Кејн Трухилјо, но немаше многу време да слави бидејќи по борбата гледач влета во рингот решен да се пресмета со Блуфејс.

Пролетаа неколку удари од двете страни пред обезбедувањето да го отстрани гледачот, а ниту Блуфејс не седеше мирен и се обиде веднаш да возврати.

- Оглас -

Најнови вести