3.8 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

„Глоуб сокер авордс“ ги објави финалистите за наградата „Светски играч на годината“ за 2025

Организаторите на доделувањето на наградите „Глоуб сокер“ ги објавија петте номинирани за титулата најдобар фудбалер во светот во 2025 година.

Во првите 5 се најдоа Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Усман Дембеле, Витиња (двајцата од ПСЖ), Рафиња и Ламине Јамал (двајцата од Барселона).

Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер на планетата во 2025 година во изборите на „Франс фудбал“ во соработка со УЕФА (Златна топка) и на ФИФА (The Best).

Церемонијата на доделувањето на наградите на „Глоуб сокер“ ќе се одржи на 28 декември во Дубаи.

Освен најдобар фудбалер во машка конкуренција, ќе се прогласат и најдобра фудбалерка, најдобар клуб (мажи и жени), најдобар тренер, најдобар играч од среден ред, најдобар напаѓач, најдобар млад играч, најуспешен агент, најдобар спортски директор и најдобар играч кој настапува на Средниот Исток.

- Оглас -

Најнови вести