Глупав потег на голманот: Го удри противникот, па се жалеше дека тој е повреден (Видео)

Глазгов ренџерс со победата од 1-0 против Хибернијан го потврди второто место во шкотското првенство, каде што шампион е Селтик. На мечот кој не решаваше речиси ништо, Џермејн Дефо го даде единствениот погодок за триумф на домаќините.

Освен погодокот, потег за којшто се зборува на овој меч е тоа што го направи голманот на домаќините, Алан Мекгрегор. Во 89-тата минута голманот на Ренџерс требаше да ја исфрли топката во поле, но освен што го направи тоа, тој реши дополнително и да го удри противничкиот играч кој стоеше пред него.

Откако сфати дека направи потег кој е недозволен, тој падна на теренот и глумеше дека е повреден. Судијата сепак не наседна на оваа глума и на крајот го исклучи голманот.

https://twitter.com/i/status/1125078007373287424

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести