Глупост се прави во моментот кога се занемарува старата народна: Прво скокни, па кажи „оп“ (фото)

Манчестер сити делуваше како голем фаворит во финалето против Челзи, меѓутоа Пеп Гвардиола и неговите фудбалери потфрлија во обидот да се искачат на европскиот врв за првпат во клупската историја. Голот на Хаверц ја реши средбата во Порто за големо разочарување на Граѓаните, а еден навивач посебно жали што неговиот клуб остана без европската титула.

Имено, фан на Сити пред самото финале на својата нога го истетовирал пехарот со големите уши со натпис под него: „Манчестер сити, победници за 2021 година“. Тој дотолку бил убеден дека новиот англиски првак конечно ќе биде прогласен за владетел на фудбалска Европа, но сега жали за големата глупост.

- Оглас -

Најнови вести