15.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Глувци го окупираа стадионот на кој за 10 дена треба да се игра меч од квалификациите за СП 2026

Големиот стадион во швајцарскиот град Женева и дом на прволигашот Сервет, „Стад де Женева“ се соочува со неочекуван проблем. Во последните неколку недели глувци го окупираа стадионот и прават големи проблеми.

Глувците го преплавиле стадионот, на теренот има ископано голем број на дупки, изгризани електрични кабли, оштетени рекламни паноа… Овој стадион треба да биде домаќин на дуелот Швајцарија – Шведска кој ќе се игра на 10 октомври во рамките од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година.

„Ја работам оваа работа повеќе од 20 години и никогаш не сум видел терен нападнат од стаорци во Швајцарија. Тоа е загрижувачка ситуација за федерацијата, во однос на квалитетот на теренот. Се надевам дека мерките преземени против стаорците ќе вродат со плод“, рече Пјер-Ив Бовињи, консултант за терени во Швајцарската фудбалска асоцијација, и најави потенцијални дополнителни проблеми:

„Ова можеби нема да го спречи одржувањето на натпреварот Швајцарија-Шведска – но ние внимателно ја следиме ситуацијата“, рече Бовињи. Фотографии од стадионот, кој има капацитет од 30.000, кружат низ Швајцарија, на кои се гледаат бројни дупки. Директорот на стадионот, Адриен Вабре, рече дека работниците за одржување поминуваат два часа на ден полнејќи ги дупките.

„Секој ден гледам стаорци на стадионот. Освен штетата што ја предизвикуваат, тоа е далеку од пријатно“, рече Вабре.

- Оглас -

Најнови вести