ГН на Канада нуди нов Ф1 предизвик: Кој ќе биде најбрз во квалификациите?

Условите на патеката „Жил Вилнев“ нудат вистинска лотарија. Ќе биде интересно и за пилотите, но пред сѐ за љубителите на брзините, изјави легендарниот Фернандо Алонсо, кој беше најбрз на вториот тренинг на патеката „Жил Вилнев“ во пресрет на трката за ГН на Канада.

„Изборот на гуми ќе биде лотарија. Ајде да видиме дали можеме да го погодиме. Беше напорен петок за сите. Не одработивме многу кругови на првиот тренинг, ниту на вториот, немавме вистински кругови на суво, немавме вистински кругови на влажно. Цело време бевме во средината, односно никаде“, изјави Алонсо.

„Во квалификациите и на трката, условите може да бидат исти, па собравме неколку корисни информации. Мораме да ги анализираме податоците и да бидеме многу прецизни. Мислам дека вистинската одлука може да ви даде пет секунди, а погрешната може да ве извади од трката“, дополни Шпанецот.

Ќе биде вистински предизвик да се погоди и победникот во квалификациите кои се закажани за вечерва од 22 часот.

Во Sport Life, како и секогаш, има огромна понуда, и за квалификациите, но и комбинирани игри за најбрзиот во квалификациите и побеникот на трката, поединечно, но и кај конструкторите.

- Оглас -

Најнови вести