Возачите на Мекларен ги освоија првите две места на трката за ГН на Кина. Победата му припадна на Оскар Пјастри, кој само третпат во кариерата се искачува на највисокото место на пиедесталот. Втората позиција му припадна на најголемиот фаворит за титулата оваа сезона, Ландо Норис, додека пиедесталот го комплетираше возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
OSCAR PIASTRI WINS THE CHINESE GRAND PRIX 🎉#F1 #ChineseGP pic.twitter.com/kce8j2t9Xw
— Formula 1 (@F1) March 23, 2025
Актуелниот светски шампион, Макс Ферстапен, заврши на четвртата позиција, додека возачите на Ферари, Леклер и Хамилтон, мораа да се задоволат со пласманот на петтата, односно шестата позиција. Најдобрата десетка ја комплетираа Окон, Антонели, Албон и Берман.