Гнабри и Милер во фото-финиш го спасија Баерн од елиминација од Купот

Баерн Минхен останува во игра за одбрана на титулата во Германскиот куп откако со два гола во самиот финиш ја спречи сензацијата што ја најави Бохум.

Серж Гнабри и Томас Милер со голови во 83-тата и во 89-тата минута не дозволија изненадување и направија пресврт, откако домаќинот Бохум водеше од 36-тата минута со автоголот на Дејвис.

Блиц-кригот во рок од 360 секунди значеше спас за шампионот и за актуелниот бранител на пехарот во популарниот ДФБ Покал, па Баерн продолжува понатаму.

- Оглас -

Најнови вести