Серж Гнабри со два гола за три минути му донесе убава предност на Баерн Минхен на гостувањето кај Челзи од 2-0. Лондонските Сини имаа 0-0 по првото полувреме во кое пречката ги спаси од негатива, но во 51-вата и 54-тата минута им немаше спас.
Двоен стрелец за Баварците е Гнабри, кому ова му е шести гол во Лондон сезонава. Тој во разбивањето на Тотенхем на 1 октомври придонесе со четири гола, а повторно е ефикасен во Лондон. Има да се игра уште половина час, можеби пак ќе даде четири гола и ќе се запише во историските книги на рекорди.
Во Неапол, Барселона изедначи на 1-1. Стрелец беше Антоан Гриезман. Сега веќе ова се резултати кои најавуваат дека во четвртфиналето би требало да се пласираат екипите кои се фаворити и реваншот го играат дома.