Еден од фудбалерите кој е мета буквално на пола Европа, Јан Диоманде, јасно порача каде сака да ја продолжи својата кариера. Фудбалерот на Лајпциг, во пренос на социјалните мрежи изјави: „Сакам да играм на Енфилд, сакам да играм за Ливерпул. Навивач сум на Ливерпул, сонот на мојот татко е да ме види како играм за Ливерпул.“
Освен од Ливерпул, интерес за 19-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата коска има и од Тотенхем, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ, Барселона и Баерн Минхен. Сепак, актуелниот шампион на Англија ако сака да го доведе во своите редови ќе мора да му плати на Лајпциг најмалку 100 милиони евра, а според шпекулациите, Германците ќе бараат за својот фудбалер 120 милиони евра.
Вредноста на Диоманде во моментов е 45 милиони евра, а Лајпциг го купи пред само шест месеци од Хетафе за само 20 милиони евра.

