Саудискиот Ал-Хилал се наоѓа пред договор со мароканскиот репрезентативец Јасин Боно, за кого интерес пројавуваа и Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Ал-Хилал најде заеднички јазик со Севиља, ќе плати отштета од 19 милиони евра, а со бонусите износот може да се зголеми до 40 милиони евра. Боно треба да потпише тригодишен договор со кој ќе заработува 15 милиони евра по сезона.
https://twitter.com/Santi_J_FM/status/1691507228816056337?s=20
Саудијците веќе започнаа преговори со одличниот голман и се очекува сите детали да бидат договорени до вечерва, кога Боно треба да биде на голот на Севиља во мечот против Манчестер сити во европскиот Суперкуп.