Го бараат Челзи и Арсенал, а тој вели: „Сон ми е да играм за Реал Мадрид“

Репрезентативецот на Еквадор, Моисес Каиседо, игра одлична сезона во најголемото изненадување во Премиер лигата, Брајтон. Тој во зимскиот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Арсенал и Челзи, а неофицијално се спомнуваше сума помеѓу 60 и 80 милиони евра. Сепак, се одлучи да остане барем уште една полусезона во Брајтон и да му помогне да избори пласман во европските купови.

Сега фудбалерот јавно кажа каде сака да ја продолжи кариерата, а тоа не е ниту Арсенал ниту Челзи.

– „Ми се допаѓа Реал Мадрид. Сон ми е да играм таму. Во моментов добро ми оди во кариерата. Зошто еден ден да не заиграм за Реал Мадрид и да ја освојам Лигата на шампиони?“

Сепак, во моментов тешко дека ќе му се исполни сонот, бидејќи Реал Мадрид воопшто не е заинтересиран за него. Каиседо за Брајтон оваа сезона одигра 33 натпревари, постигна еден погодок и имаше една асистенција. Договорот му е со важност до 2027-та година.

- Оглас -

Најнови вести