Олимпик Лион со 2:0 победи на гостувањето кај Ајачио во меч од 20 коло на француското првенство, а освен погодоците, средбата ја одбележаа и гостинските навивачи. Фановите на Лион допатуваа на ова гостување и на крајот си заминуваат задоволни, но не успеаа да го дочекаат крајот.
Гостинските навивачи беа приморани да го напуштат стадионот на 15 минути пред крајот, за да може да стигнат до последниот траект кој отпловуваше денеска од островот Корзика.
Les supporters de l’OL quitte François-Coty en cours de match pour revenir à Lyon en ferry 😭🛳️
📸 @FreeLigue1 pic.twitter.com/nyaP73cTjz
— BeFootball (@_BeFootball) January 29, 2023
За среќа на навивачите на Лион, нивниот тим погодоците за победа ги постигна во 20 и 71 минута и можеа во живо да се израдуваат. Друг позитивен момент е тоа што стадионот на Ајачио се наоѓа во непосредна близина на пристаништето од каде што тргнува траектот, па тие можеа точно да знаат во кој момент треба да го напуштат стадионот и за брзо време да стигнат до местото од каде што требаше да си заминат од островот.
🚨 Les supporter lyonnais qui quittent le parcage car y’a un ferry à prendre pour rentrer à Lyon 🤣#ACAOL 0️⃣-2️⃣
(📸@CanalplusFoot ) pic.twitter.com/tQIKqtnCOv
— LIGUE 1 NEWS (@ligue_1_news_) January 29, 2023