Нико Вилијамс, фудбалерот на Атлетик Билбао, блеска во дресот на Шпанија на Европското првенство во Германија, а со тоа го привлече вниманието на европските великани.
Веќе се пишуваше дека интерес има од Челзи, Арсенал и Барселона, а сега во трката по неговиот потпис се вклучи и Ливерпул. Вилијамс во договорот со Атлетик Билбао има откупна клаузула од 50 милиони евра, сума која нема да биде проблем за премиерлигашите. Единствено Барселона би имала проблем да ја плати оваа сума, со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓа клубот.
Сепак, според шпанските медиуми, најблиску до потписот на Нико Вилијамс е екипата на Ливерпул, која во него гледа замена за Колумбиецот Луис Дијас, кој е на излезна врата од „Енфилд роуд“.