Го даде најдоцниот гол во историјата на Серија А, па го соблекоа гол

Лацио и Сампдорија одиграа 2:2 во можеби најлудата завршница на еден меч во Серија А. Во 92 минута беше досуден слободен удар за Лацио, а еден гостински играч доби црвен картон. По изведување на слободниот удар, Андерсон кој беше дел од „живиот ѕид“ играше со рака, а судијата со помош на ВАР системот досуди пенал. Чиро Имобиле погоди за 2:1 за Лацио во 96 минута.

Сите мислеа дека Лацио ќе победи, но Сампдорија успеа да изведе напад во кој даде гол. Рикардо Сапонара погоди во 99 минута, што е најдоцна постигнат погодок во историјата на Серија А. Радоста на гостите беше огромна. Сапонара го соблече дресот и тргна кон трибината каде што беа гостинските навивачи да прослави. Таму играчот на Сампдорија остана и без гаќите, но најважно за сите нив беше што донесе бод од гостувањето на „Олимпико“.

- Оглас -

Најнови вести