Го даде најубавиот гол во кариерата и го посвети на сопругата која боледува од рак

Раџа Најнголан летово се врати во Калјари, клубот во којшто играше и најдобро во кариерата, во периодот од 2010 до 2014 година. Токму во тој период, белгискиот интернационалец ја запозна Клаудија, за која подоцна се ожени и има едно детенце.

Пред некое време на Клаудија ѝ беше дијагнозирано дека боледува од рак. Таа веднаш започна со третмани и е полна со оптимизам дека успешно ќе ја помине болеста. „Болеста наскоро ќе биде лош спомен за мене“, вели оптимистички Клаудија.

Најнголан викендов го даде најубавиот гол во Серија А, кој сигурно ќе конкурира и за најдобар во првенството. Играчот на Калјари веднаш изјави дека тој погодок е посветен на Клаудија.

https://www.instagram.com/p/BIGSvg1AAu8/?utm_source=ig_web_copy_link

„Голот го посветувам на мојата Клаудија. Овој посебен момент е за нејзе“, рече Наинголан.

- Оглас -

Најнови вести