По катастрофалната сезона што ја има екипата на Манчестер јунајтед, овој тим во наредните месеци го очекува една голема реконструкција, која започна со доаѓањето на Ралф Рангник.
Германскиот привремен стратег којшто му ја препушти тренерската позиција на Ерик тен Хаг, ќе биде консултат за трансфери, а летово ќе има бајаги работа.
Еден од првите играчи којшто ќе си замние е Арон Ван-Бисака, дефанзивецот за кого Црвените ѓаволи во 2019 година платија огромни 65 милиони евра. Во тој период десниот бек одигра 89 натпревари, а за сениорската репрезентација на Ангија сè уште чека на дебитантскиот настап.
Јасно е дека Манчестер нема да заработи ниту приближно од парите што го купија, но значително ќе ја олеснат клупската каса со неговите примања, кои се околу 150 илјади евра на неделно ниво.