Последното рангирање на УЕФА кога се работи за европскиот клупски фудбал покажа дека македонското првенство е на самото дно. Прва фудбалска лига на Македонија се најде на 53-тото место на листата од 55 национални лиги во Европа.
Шокантно делува фактот дека македонско првенство сега е и зад фудбалската лига во Гибралтар, а далеку пред нас се првенствата на Луксембург (46 место), Малта (44 место), Фарски Острови (41 место), Косово (36 место), Лихтенштајн (31 место)…
Македонската Прва лига може да се пофали дека е подобра само од првенствата на Андора и Сан Марино, две земји кои едноставно имаат аматерски шампионати.
Ваквиот ранкинг на македонскиот клупски фудбал не е изненадување ако се знаат очајните резултати кои нашите екипи ги имаат кога ќе излезат во европските купови. Токму затоа од следната сезона, наместо досегашните четири претставници во еврокуповите, ќе имаме само три екипи. Едноставно, македонскиот клупски фудбал го допре дното.
Ако се погледне врвот на рангирањето, ќе се забележи промена и во Топ 5 лигите, а за тоа може да прочитате ТУКА.