Екипата на Спартак Суботица е шампион во АБА 2 лигата за оваа сезона. Во финалето од плејофот, Спартак двапати го победи тимот на Војводина, но во двата случаи се работеше за неизвесни средби.
Првиот меч заврши со 74:73 за Спартак на гостински терен, а вчера пред своите навивачи победија со 80:74. Спартак беше голем фаворит и поведе со 67:58, но гостите не се предадоа. На 25 секунди до крајот Војводина стигна до еден негатива 75:74, но кошаркарите на Спартак останаа смирени и на крајот победија.
Трагичар кај гостите беше Џеред Канингем. Бекот кој има НБА-искуство, па дури играл и во ист тим со Леброн Џејмс, беше прв стрелец на средбата со 28 поени, но во клучните моменти промаши два шута за тројка.
Спартак Суботица заедно со екипата на Дубаи обезбедија место во АБА 1 конкуренцијата. Во полуфиналето од плејофот Спартак со две победи го елиминира македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром.
Од следната сезона, во АБА 1 лигата ќе има шест српски екипи, а Македонија е единствена од ју-републиките што нема свој преставник во ова елитно регионално натпреварување.