Го елиминираа Партизан, па ја бараа Ѕвезда за противник, и – си ја добија! (Видео)

Денеска во Белград се одржа ждрепката за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Србија, а Црвена ѕвезда за противник го доби Раднички од Сремска Митровица, клубот кој во 16-финалето на пенали го елиминира Партизан.

На прославата по историската победа над Црно-белите, фудбалерите на Раднички пееја: „Дајте ја Ѕвезда да си играме!“. Ете денеска им се исполни желбата, ќе ги пречекаат Црвено-белите во Купот и ќе се обидат да приредат ново чудо.

https://www.youtube.com/shorts/q3rbFiqnvsk

- Оглас -

Најнови вести