Интересна беше реакцијата на Џон Тери при водечкиот гол на Астон Вила, каде англиската легенда е помошник тренер во стручниот штаб што го предводи Дин Смит.
Смит реагираше бурно кога Кортни Хаус во 43. минута ја погоди мрежата на Кепа и му донесе предност на неговиот тим, а Тери реагираше млако.
https://twitter.com/_aish01/status/1274734729078673409?s=20
Големата легенда на англискиот фудбал мина цели 19 години во Челзи како играч и освои многу трофеи со тимот, чиј капитен беше долг период.
Тери има пет шампионски титули во Англија со сините од „Стемфорд Бриџ“, има уште толку пехари во ФА купот, а по еднаш го креваше трофејот во Лигата на шампионите и во Европа лигата.
Со реакцијата покажа дека не му е сеедно кога неговиот омилен клуб прима голови, па макар и од клубот во кој е еден од асистентите во струшниот штаб.