Го имаме најмалерозниот тикет за 2023 година, со 20 денари за „влакно“ не доби 10.000 евра! (Фото)

Тикет уплатен вчера во Sport Life во Куманово можеше да му донесе голема радост на обложувачот, но тоа не го „дозволија“ Манчестер сити и Вулверхемптон. На тикетот има осум меча, уплатен е на минимални 20 денари, а потенцијалната бруто-добивка  беше 673.078 денари. На вкупен коефициент од 33.653, промашен е само типот од мечот во Премиер лигата.

Манчестер сити дома беше голем фаворит против Вулверхемптон, а играта беше домаќинот да не губи на полувреме, а во првиот дел да има 2-3 погодоци. Сити на полувреме водеше само со 1:0, што значи дека фалеше еден гол во која било мрежа за да биде добитен типот.

Најголеми погодени квоти се трите меча на кои играта е 2-3 гола во прво полувреме и 2-3 гола во вториот дел. На тој начин погодени се Арсенал – Манчестер јунајтед 3:2 (1:1), Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен 2:3 (0:2) и Јувентус – Аталанта 3:3 (2:1).

Погодено е и дека Брусија Дортмунд ќе даде барем еден гол во првото полурвеме и 3+ на крајот во дуелот против Аугзбург во победата од 4:3 (2:2). АЗ Алкмар против Фортуна Ситард славеше со 3:1 (2:1), а Бриж дома одигра 2:2 против Шарлроа на играта 1Х&2-3 прво полувреме. На дуелот Хибернијан и Хартс требаше да има барем еден гол во првиот дел и три на крајот. Гостите на полувреме водеа со 1:0, а на крајот славеа со 3:0, што значи дека само еден гол дуелот во Манчестер скрати голема радост во Куманово.

- Оглас -

Најнови вести