Кристијан Колмен е новиот светски првак во атлетика на патеката на 100 метри. Американецот ја оправда улогата на фаворит и на крајот победи во финалето на Светското првенство во Доха.
Новиот светски првак до тронот стигна со време од 9,76 секунди и потврди дека не случајно беше најбрз во полуфиналето, а и пред почетокот на Мундијалот, го имаше најдоброто време во сезоната. Ветеранот Џастин Гетлин кој во Доха дојде да го брани златото од претходното СП, на крајот заврши како втор со време од 9,89 секунди, додека бронзата ја освои Де Грес кој истрча 9,90.