Го исфрлија од репрезентацијата, па ги нарече „корумпирани лажговци и лопови“

Фудбалерот на Екваторијална Гвинеја, Емилио Нсуе Лопес, со пет погодоци беше најдобар стрелец на штотуку завршениот Африкански куп на нациите и со тоа ја доби Златната копачка од ова натпреварување. Сепак, веднаш по првенството, членот на шпанскиот третолигаш Интерсити е суспендиран од репрезентацијата поради кршење на дисциплинскиот правилник.

Ваквата одлука беше причина фудбалерот жестоко да удри по луѓето кои го водат Фудбалскиот сојуз на Екваторијална Гвинеја.

„Ме исфрлија од репрезентацијата без објаснување. Измислија некаков интерен правилник по кој ме суспендираа. Ме понижија пред целиот свет. Подготвен сум да умрам за татковината, ќе ја дадам Златната копачка на народот, нека уживаат. Репрезентацијата е над сè. Раоводството на сојузот е рак-рана на нашата држава. Корумпирани се. Украдоа милиони. Наместо тие пари да ги дадат на фудбалерите, тие рекоа дека ќе ги вложат во домашното првенство. Лажат. Потребна ни е промена во Сојузот бидејќи во моментов го водат корумпирани лажговци и лопови“, рече Нсуе.

Емилио Нсуе Лопес има постигнато 22 гола на 44 натпревари за репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја, со што е најдобриот стрелец во историјата на нивната селекција и трет според бројот на настапи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести