Колумбиецот Мајк Јамбс, јавно изјави дека се кае бидејќи го истетовира името на Меси на своето чело во чест на победата на Аргентина на Светското првенство што се одржа во Катар.
Освен Меси, Јамбс, на едниот образ истетовира три ѕвезди, за трите Светски титули на Гаучосите, а на другиот Д10С.
Инфлуенсерот веднаш се најде на удар на фановите кои го нарекоа будала за неговиот потег. Јамбс на почетокот се правдаше за својот потег.
„Не правам ништо лошо и ништо што е против законот“.
Но, следниот ден, Колумбиецот призна дека погрешил.
„Жалам што ја направив оваа тетоважа бидејќи наместо позитивни работи, ми донесе многу негативни, како за мене така и за моето семејство. Не мислев дека толку брзо ќе кажам дека жалам што го направив ова“, рече Јамбс.