Репрезентативецот на Велс и фудбалер на Тотенхем, Бренан Џонсон, беше под жесток удар на навивачите поради лошата форма во која се наоѓа. Постојано беше критикуван на социјалните мрежи, па поради тоа и го деактивираше профилот на „Инстаграм“.
Џонсон минатата сезона се пресели од Нотингам форест во Тотенхем за 55 милиони евра, а сега почна и да ја исплаќа оваа инвестиција. Откако го деактивираше профилот на „Инстаграм“, успеа да постигне пет гола на пет последователни натпревари.
Велшкиот репрезентативец погоди против Ковентри во Лига купот, против Брентфорд и Манчестер јунајтед во Премиер лигата, како и против Карабаг и Ференцварош во Лигата на Европа.