Го избркаа капитенот, симпатизер на Неонацистите

Германскиот третолигаш Чемницер му врачи отказ на капитенот на тимот, Даниел Фран, кој е симпатизер на Неонацистичкото движење во оваа земја.

Фран не играше викендов за Чемницер, но беше присутен на трибината каде со него навиваа озлогласените претставници на „HooNaRa“, или во превод Хулигани, Нацисти и Расисти.

Фран е поранешен играч на Лајпциг, а беше еден од најдобрите во Чемницер, но клубот не си дозволи повторно да му прости на својот капитен, откако тој еднаш веќе беше опоменат.

Во март годинава беше виден во друштво на Неонацистите, а носеше и маица со натпис „“Поддржете ги локалните хулигани“.

 

- Оглас -

Најнови вести