Го избркаа, но има милион причини да навива за да останат во Премиер лигата

Најџел Пирсон треба да биде лут за отказот што го доби во Ватфорд на две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, но договорот што го има потпишано со популарните Стршлени му дава милион причини да стиска плаци за тие да останат во најсилната англиска лига.

Ако Ватфорд успее да избори нов настап во англиската елита, тогаш Пирсон ќе добие бонус од еден милион фунти. Таков му е договорот што го има со клубот, а сега сè зависи од Трој Дини и соиграчите да успеат во последните две кола да прегрмат два тешки меча против Манчестер сити и Арсенал и да опстанат во Премиер лигата.

Моментно Ватфорд е точно на позиција која гарантира опстанок и има 34 бода, три повеќе од Астон вила и Борнмут, кои му се конкуренти за опстанок.

Ако вечерва Ватфорд го победи Сити на домашен терен, во мечот што почнува од 19 часот, речиси сигурно ќе остане премиерлигаш бидејќи има подобра гол-разлика од конкурентите, што е прв критериум за опстанок при еднаковт број бодови на екипите.

 

- Оглас -

Најнови вести