Го избркаа од клубот, а тој вели: Никогаш не сум бил посреќен во животот

Јувел Цуму доби отказ во Стеауа, или како што сега е името на клубот ФЦСБ, но вели дека никогаш не бил посреќен во животот. Чудна изјава на 28-годишниот репрезентативец на Конго, но само ако не се знае неговиот проблем од ноември годинава.

На мечот со Гвинеа Бисао, Цуму доживеа тешка повреда во 75. минута и загуби свест при судирот со противничкиот голман.

„Не можев да говорам две недели и често имав вртоглавици. Животот ми беше во опасност, дури ми рекоа дека сум имал многу среќа што воопшто преживеав. Не ми е гајле за договорот и за отказот, среќен сум што сум жив“, изјави Цуму.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести