Го изгоре тимот – Жешка му беше топката, па ја пушти да влезе во гол (Видео)
Голманот на Локомотив Лајпциг си даде смешен автогол во финалето на плејофот за пласман во Третата германска лига.

Голманот на Локомотив Лајпциг, Фабијан Гудериц е вистински трагичар на тимот што бие битка за пласман во Третата германска лига, а смешниот автогол што си го постигна во финишот на мечот со Верл може скапо да чини.
Гудериц тргна на една балон-топка, што се чинеше дека лесно ќе ја скроти, но му се лизна и влезе во голот.
Lok Leipzig goalkeeper’s howler leads to equalizer in promotion play-off [88′ minute] from soccer
Со тој погодок гостите израмнија на 2:2 и сега Верл е во предност бидејќи реваншот ќе го игра на свој терен. Ова е финале во разигрувањето на едно од Регионалните натптреварувања во Германија и победникот ќе се пласира во Третата лига.