Футсал репрезентацијата на Португалија за првпат во својата историја стана светски првак, откако во финалето на Мундијалот, во драматичен меч, со 2:1 ја победи Аргентина. Светскиот собир беше во Литванија, а Португалија со оваа победа успеа да ги обедини европската и светската титула.
За најдобар фудбалер на првенството е прогласен легендарниот Рикардињо кој во финалето, иако не даде гол, одигра клучна улога. На средината од првото полувреме Рикардињо со еден дриблинг буквално го излуде противникот, кој во немоќ го удри Португалецот со бокс директно во стомакот.
Agressão de Borruto a Ricardinho. Foi expulso.pic.twitter.com/hyZ7M5qBAR
— Rémi Martins (@remi_martinss) October 3, 2021
Судиите најпрво не го забележаа ударот, но по прегледување на снимката, му дадоа црвен картон на Боруто. Предноста од играч повеќе Португалците ја искористија да дадат гол за 1:0 и со тоа го најавија големиот триумф. Во 28-мата минута, Португалија зголеми на 2:0, а потоа Аргентинците намалија на 1:2. Гаучостите имаа неколку добри шанси да израмнат на 2:2, а последната ја пропуштија на две секунди до крајот, кога ја погодија стативата.