Францускиот маратонец, Морхад Амдуни се извини за срамниот гест на Летните олимписки игри кога ги турна сите шишиња со води и ги оневозможи ривалите да се освежат на маратонот во Јапонија.
Ниту тој потег што предизвика гнев не му помогна да освои медал, заврши на 17. место, а беше прогласен за најнефер спортист на Игрите.
По невидените реакции и напади за неспортската постапка, Амдуни се јави на социјалните мрежи и се обиде да се извади за срамниот гест.
„Водите беа наредени една до друга и јас се обидував да ја земам таа што е поладна. Беше многу топло и шишињата ми се лизгаа од раката. Ненамерно ги турнав останатите шишиња и не сакав воопшто да ги спречам конкурентите да се освежат“, вели Амдуни.
BREAKING: The Gold medal for biggest d*ckhead of the Tokyo Olympics goes to French marathon runner Morhad Amdouni who deliberately knocks over all the water for his fellow competitors…Unbelievable! pic.twitter.com/D4IwmlAHlL
— Piers Morgan (@piersmorgan) August 8, 2021
Сепак на видеоснимката се гледа нешто подруго од тоа што како извинување го понуди францускиот маратонец и јасно е дека намерно ги турка сите шишиња со вода во редот предвиден за освежување во исцрпувачката трка на ЛОИ.