Ако пред неколку месеци, Давид Де Геа беше жестоко критикуван од фановите на Манчестер јунајтед, тој денеска е виден како „бог“.
Шпанскиот чувар на мрежата му одбрани пенал на Марк Нобл во 93 минута и со тоа му донесе значајни три бода на својот тим во борбата за титулата во Англија.
Но, во финалето во Лигата на Европа против Вилјареал, Де Геа беше жестоко критикуван откако не успеа да одбрани ниту еден од 11 удари од белата точка во пенал рулетот, додека тој самиот го промаши одлучувачкиот.
Уште поважно за Шпанецот е тоа дека со овој одбранет пенал, тој го прекина негативниот рекорд, бидејќи последен пат тој успеа да одбрани удар од 11 метри во октомври, 2014 година, а во меѓувреме прими 41 погодок од оваа позиција.