19.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Го критикуваат дека само оди по теренот, а тој вели: “Јас сум зомби“

Норвежанецот Ерлинг Халанд е еден од најдобрите напаѓачи на денешницава. На 203 професионални натпревари во својата кариера има постигнато 199 голови, но кога нема да успее да реализира на некој натпревар, веднаш следуваат критики. Како што вели и тој самиот, во тоа се истакнуваат норвешките новинари, кои веднаш ставаат натписи “Халанд не даде гол“.

– “Зомби. Луѓето често ме критикуваат дека немам премногу допири со топката за време на натпреварите. Можам да се вклучам, да играм со топка неколку пати, но честопати едноставно шетам, стојам горе, правам потези во мојот сопствен свет и тоа е тешко да се објасни. Излегувам од своето тело и станувам зомби. Како да гледам наоколу чекајќи прилика. Кога ќе дојде прилика, знам дека треба да бидам подготвен. Сè уште сум вклучен, но некако шетам и скенирам. Чекам шанса и ако дојде топката, може да се случи едното, а ако топката оди на друга страна, може да се случи другото. Тоа е чувство.“ – вели Халанд за англиските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести