Во англискиот фудбал најголем е бројот на странски инвеститор, односно странци газди на клубовите. Последен во низата на инвеститори надвор од Велика Британија е турскиот бизнисмен Акун Иликали.
Преку фирмата Акун Медија, турскиот богаташ го купи тимот на Хал, кој се натпреварува во втората англиска лига, популарната Чемпионшип. Според пишувањата, Иликали платил 24 милиони евра за да го купи клубот, што и не е некоја голема сума за англиски клуб.
Турскиот газда реши веднаш да ги врати потрошените пари, па веднаш го продаде најдобриот фудбалер во клубот. За сума од 24 милиони евра, талентираниот Кин Луис Потер од Хал ќе се пресели во Брентфорд. Тоа би било најскапиот трансфер во историјата на Брентфорд.
Со овој трансфер, новиот газда со само еден потег ги врати парите вложени за купување на клубот, но сега мора да најде квалитетен фудбалер за да може Хал да има забележителни резултати во новата сезона.