Челниците на Пари Сен Жермен се разочарани од Бразилецот Нејмар и според информациите од Франција, ќе го продадат ова лето.
Францускиот новинар Роман Молина објави дека Светците се незадоволни од игрите и односот на најскапото засилување во историјата на фудбалот.
Имаше информации дека по поразот од Реал Мадрид со 3:1 и елинминацијата на ПСЖ во осминафиналето во Лигата на шампионите, Нејмар се степал со голманот Донарума, што е само еден во низата чудни потези во кариерата на Бразилецот.
Во 2017 година, ПСЖ ѝ плати на Барселона вкупно 222 милиони евра, што е светски рекорд, но сега се разочарани, па дури тој потег го прогласуваат како најголема утка во клупската историја.
Нејмар често беше повреден, а впечатливи беа и неговите ноќни излети и чудни отсуства во текот на фудбалските сезони како член на ПСЖ.
Планот на ПСЖ, како што пишува шпанската „Марка“, е да го продадат ова лето и да вратат барем 100 милиони евра од 222 што ги дадоа пред пет години за сега веќе 30-годишниот Бразилец.
ПСЖ во овие пет сезони со Нејмар како големо засилување постојано беше меѓу главните кандидати за освојување на Лигата на шампионите, што беше и примарна цел за која и беше ангажиран за огромна сума пари, но не успеаја да се искачат на европскиот трон.
Нејмар претходно објави дека сака во иднина да игра во МЛС-лигата, па можно е таков трансфер да се случи веќе ова лето.