Го купуваат за да го вратат назад, но не ги мина медицинските прегледи

Еден од најталентираните српски фудбалери, Страхиња Павловиќ не успеа да ги мине стандардните медицински прегледи во Лацио, па ќе мора на нов третман во Рим деновиве, за да го потпише договорот со калчолигашот.

Стоперот на Партизан има само 18 години, а веројатно има повреда, што ја „заработил“ на дуелот со Молде во Белград во првата сеанса од плејофот за настап во Европа Лигата.

Планирано беше Лацио да потпише договор со Павловиќ и да го врати во Белград, за да игра за Партизан до крајот на сезоната, а потоа да се пресели во Рим.

Трансферот треба да чини 5.5 милиони евра, а младиот играч на „црно-белите“ повторно ќе оди на медицинските тестови во понеделник.

- Оглас -

Најнови вести