Душан Влаховиќ и дефинитивно е најдобриот фудбалер во оваа година која што изминува.
Напаѓачот на Фиорентина денеска постигна два погодоци во победата на својот тим од 4:0 против Салернитана.
Српскиот репрезентативец до сега во 2021 година има 32 погодоци, со што го надмина досегашниот клупски рекорд на легендарниот Габриел Батистута.
Но, Душан не планира тука да застане бидејќи има уште две средби до крајот на оваа година, а потребни му се исто толку погодоци за да го помине неверојатниот Кристијано Роналдо.
Некогашниот играч на Јувентус минатата година постигна 33 гола, што е рекорд во Италија, но, несомнено е дека Влаховиќ ќе го урне и тоа поставување.